ден 0
Вашата кошничка е моментално празна.
Expertly designed and produced in Europe.
ден 0
Вашата кошничка е моментално празна.

Светот на Loolka

Зошто квалитетен наддушек е клучен за добар и здрав сон?

naddusek

Наддушекот често се доживува како едноставен додаток на душекот, но во реалноста тој има многу поголема улога. Особено кога е изработен од квалитетни материјали, наддушекот може значително да ја подобри, па дури и да ја корегира подлогата за спиење, со директно влијание врз квалитетот на сонот и здравјето.

Корекција на подлогата, најголемата предност на квалитетниот наддушек

Квалитетните наддушеци се дизајнирани да работат активно, а не само да додадат мекост. Благодарение на стабилни и еластични материјали, тие можат:

  • да ги израмнат нерамнините на постар душек, француски кревет, кревети на спуштање или софа
  • да ја подобрат потпората на телото
  • да го држат ‘рбетот во природна и правилна положба

Висококвалитетните пени се прилагодуваат на формата на телото но, и иако се со мала дебелина од само неколку сантиметри, не ја губат цврстината и еластичноста. Тие обезбедуваат баланс помеѓу удобност и стабилност, што е клучно за здрав сон.

Зошто неквалитетните материјали не ја исполнуваат својата функција?

Кај наддушеците наравени од материјали од понизок квалитет, ефектот е често само привремен. По краток период на користење тие:

  • Ја губат еластичноста
  • се деформираат на местата со најголем притисок
  • Престануваат да ја подобруваат подлогата

Наместо корекција, ваквите наддушеци можат да предизвикаат дополнителна неправилна поддршка.

naddusel 3 zone loolka

Каде сè може да се користи квалитетен наддушек?

Квалитетниот наддушек е практично решение во повеќе ситуации:

  • На постоечки душек – кога душекот е тврд, нерамен или веќе ја изгубил удобноста
  • На брачен кревет – за израмнување на спојот помеѓу два душеци
  • На софа или кауч – за секојдневно или повремено спиење
  • Во апартмани и хотели – за зголемување на комфорот без замена на душеци
  • За гости или привремени решенија – практично и ефикасно подобрување на подлогата

Придобивки од користење на квалитетен наддушек

Кога наддушекот е изработен од врвни материјали, придобивките се забележуваат многу брзо:

  • подобар и подлабок сон
  • помал притисок на рамениците, колковите и долниот дел од грбот
  • подобра терморегулација
  • поздрава и похигиенска средина за спиење
  • продолжен век на постоечкиот душек
  • будење – без чувство на вкочанетост и замор

Инвестиција во сон, а не само додаток

3 zonski naddusek

Квалитетниот наддушек не е краткорочно решение. Тој е инвестиција во здравје, удобност и секојдневна енергија. За разлика од евтините алтернативи кои брзо ја губат својата функција, наддушекот со квалитетни материјали со години ја задржува способноста да ја подобрува подлогата и да обезбедува стабилна поддршка.

Добриот сон започнува од основата – а квалитетните материјали ја прават таа основа вистинска.

За повеќе информации околу 3-Zone Tencel наддушекот или останатите производи на Loolka, можете слободно да не контактирате на: 071 390 676

Затвори
Search Results
11.990 ден
Димензии (cm)
70x190x780x190x780x200x790x190x790x200x7120x200x7140x190x7140x200x7160x190x7160x200x7180x200x7
9.990 ден
Size (cm)
70x190x580x190x580x200x590x190x590x200x5120x200x5140x190x5140x200x5160x190x5160x200x5180x200x5
5.990 ден
Димензија (cm)
70x190x580x190x580x200x590x190x590x200x5120x200x5140x190x5140x200x5160x190x5160x200x5180x200x5
Кошничка (0)
Вашата кошничка е моментално празна.